Јелена и Новак Ѓоковиќ се заедно веќе десет години, а во 2014 ја круниса нивната љубов со брак.
Новак често изјавуваше дека му е благодарен на Господ што ја запознал пред да стане светски број еден, затоа што само така е сигурен во нејзините емоции.
-На прв поглед ме освои со насмевката. Секако, секогаш изгледот доаѓа прв до израз, но за љубов е потребно многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот миг и му благодарам на Бога што се сретнавме пред да постигнам големи успеси. Знам дека таа е со мене поради мене, поради Новак, поради тинејџерот кој го запознала кога имал седумнаесет години. Таа е мојата најголема поддршка, способна е , амбициозна и силна. Кај неа најмногу ја сакам искреноста, тоа е она што не прави среќни – изјавил Новак пред неколку години.
Погледнете како изгледала Јелена пред 10 години на почетокот на кариерата на Новак:
Јелена Ѓоковиќ пред седум години со далеку подобар стил:
Госпоѓата Ѓоковиќ денес :
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.