| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во скопски бутик – љубовџија со ножици по несудената балдска

Скопјанката А.Л.(28) вчера во 15.30 часот заедно со нејзината сестра отишле во бутик на ул.„Владимир Полежановски“ во Скопје (улицата зад Универзална сала), со намера да разговараат со Б.Ѓ.(1969) од Скопје, во врска со прекината љубовна врска со нејзината сестра.

Откако А.Л. му кажала дека ќе ја извести неговата фамилија за љубовната врска, Б.Ѓ. станал агресивен и од фиока од бирото земал ножици и се нафрлил кон пријавителката.

Во истиот момент помеѓу нив застанала сестрата и го оттурнала Б.Ѓ. према тоалетот, додека А.Л. излегла од бутикот и го пријавила случајот в полиција.

Додека истата била надвор пред бутикот Б.Ѓ. излегол по неа и почнал да ѝ се заканува по животот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top