Замбија го брани трофејот континентален шампион на 29. издание на африканскиот куп на нации што ќе започне денеска од 17 часот со премиерниот дуел меѓу домаќинот Јужна Африка и Кејп Верде. Во напад на вредната титула покрај шампионот ќе тргнат уште 15 репрезентации поделени во 4 групи.
Домаќин на турнирот требаше да биде Либија, но војната во оваа земја донесе смена, па Јужна Африка го организира новиот фудбалски самит на најсиромашниот континент.
Токму популарната „Бафана бафана“ ќе ја има честа да го отвори турнирот против аутсајдерот Кејп Верде, земја многу попозната по старото име Зеленортски Острови од 17 часот, денеска во Јоханесбург. Двете репрезентации се најдоа во А групата, заедно со Ангола и Мароко кои ќе играат меѓусебе 3 часа подоцна.
Во Б групата се Гана, Мали, ДР Конго и Нигер, а мечевите ќе се играат во Порт Елизабет.
Градот Нелспруит ќе биде домаќин на селекциите од Ц групата, а оттаму походот кон одбрана на круната ќе ја почне шампионот Замбија. Конкуренти за едно од првите две места што носат пласман во следната фаза ќе бидат Нигерија, Буркина Фасо и Етиопија.
Најсилна, барем на хартија е конкуренцијата во Д групата каде ќе биде неизвесно докрај во битката за пласман меѓу октетот најдобри во Африка. Брегот на слоновата коска е фаворит, а силни противници ќе им бидат Тунис, Алжир и Того. Натпреварите ќе се играат во Рустенбург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст