Газдите на фудбалските клубови во Кина продолжуваат да ја демонстрираат својата моќ на пазарот откако вечерва беше комплетиран уште еден трансфер. Најдобриот фудбалер на Шахтјор, Алекс Тешеира, беше продаден на тимот на Џиангсу Сунинг, за сума од 50 милиони евра, што е апсолутен рекорд за трансфер во Азија.
Тешеира, кој важи за извонреден голгетер, во изминатите 12 месеци беше поврзуван со Челси и Манчестер јунајтед, во јануарскиот преоден рок во трката се вклучи и Ливерпул, но не успеа да се договори со челниците на Шахтјор. Затоа, на самиот почеток од февруари на сцена стапија кинеските милионери, кои се договорија со газдата на украинскиот гигант.
– Точно е, Тешеира е продаден во Кина – потврди вечерва и тренерот на Шахтјор, Мирчеа Луческу.
Бразилскиот голгетер е второто големо засилување за тимот на Џиангсу Сунинг, кој минатата седмица за сума од 25 милиони евра го доведе и Рамиреш од екипата на Челси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.