| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина загинати во сообраќајна несреќа во Романија

Пет лица загинаа, а 30 беа повредени во сообраќајна несреќа утрово во Романија, јави Аџерпрес. Ицидентот се случил во 6.15 часот утрово на обиколницата на градот Плоешт, северно од Букурешт.

roman pol

 

Автобус, кој сообраќал на редовна линија меѓу градовите Манешт и Плоешт, со околу 40 патници, удрил од позади во камион, натоварен со песок.

Според првичните заклучоци, виновен за инцидентот е возачот на автобусот, бидејќи на местото не се откриени траги од сопирачки.

Полицијата се сомнева дека возачот на автобусот можеби заспал на воланот или возилото имало технички проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top