Единаесетгодишната Канита Сума е ученичка во основното училиште „Бајрам Шабани“ во Скопје, а со својот настап, шарм и неверојатни гласовни способности го воодушеви жирито во музичкото шоу „Х-фактор“ во Албанија, на аудицијата која се одржа во Тетово.
– Со поддршката од мојата фамилија тргнав за Тетово, песната што ја избрав да ја испеам беше песната од Бијонсе „Listen“. Максимално подготвена влегов во салата, преплавена од емоции, но уверена во себеси дека можам да се соочам со предизвикот. Го дадов мојот максимум за време на мојот настап. На крајот ги слушнав коментарите од страна на Вера Грабовца за мојот глас. По неколку недели ми се јавија да ги продолжам аудициите за во „X-фактор Албанија 2“ – вели Канита.
Иако од недела во недела таа стануваше главниот фаворит и постојано се пласираше на врвот во шоуто, продуцентите, сепак, не ѝ дозволија да влезе во финалето поради возраста, но нејзиното музичко патување допрва почнува, а за нејзината кариера сега ќе се грижи менаџерската компанија „Он Аир.ФМ Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија