| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто мажите секое утро имаат ерекција?

Утринската ерекција е спонтана и се случува во сон или за време на будењето. Сите момчиња кои немаат еректилна дисфункција, имаат чест да им се случи неколку пати во текот на сонот.

momci-eve-zosto-sekoe-utro-imate-erekcija-01

Оваа активност почнува уште во мајчината утроба и продолжува во текот на целиот живот. Ако е за утеха, ова не им се случува само на мажите, туку и жените доживуваат клиторална ерекција и вагинални контракции додека спијат.

Иако постојат неколку теории кои се обидуваат да го објаснат овој феномен, неговиот главен причинител и понатаму е непознат.

Утринската ерекција, како и клиторалната се поврзани со РЕМ фазата во сонот.

Една од идеите е дека во текот на оваа фаза неврони кои ослободуваат норадреналин се исклучуваат. Се смета дека овие ќелии се поврзани со половиот орган и дека редукцијата на нивната активност за време на РЕМ фазата доведува до лачење на тестестерон, што доведува до ерекција.

Исто така, постои теорија дека овој феномен го предизвикува натриумоксидот,соединение кое ослободува клетки сместени во ѕидовите со крвни садови, а тоа подоцна со помош на дифузија стигнува до нежните мускули и ги опушта. Ова предизвикува ширење на крвните садови, што го зголемува дотокот на крв во пенисот и така доаѓа до ерекција.

penis-erection-650x396

Се смета дека зголемената активност на некои делови од мозокот поттикнуваат цела низа на случувања кои неминовно доведуваат до тоа нервните влакна да иницираат лачење на натриумоксидот. Овој процес исто така ги регулира хормоните како што е тестестеронот.

Поради ерекцијата, ерективното ткиво се шири и на тој начин се снабдува со кислород. Оксигенизацијата спречува фиброза каверна, која е непосакувана состојба што со текот на времето доведува до еректилна дисфункција.

Уште една интересна теорија покажува дека целото случување е за тоа мажите да не мократ во креветот навечер.

Затоа дечки, треба да бидете среќни што пенисот го одржува вашето здравје и ви помага во многу незгодни ситуации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top