| четврток, 6 декември 2018 |

Петте најголеми лажни приказни за бомбашкиот напад во Бостон

По бомбашкиот напад на маратонот во Бостон, во понеделникот милиони луѓе се информираа преку социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“. „Си-Eн-Eн“ одвои пет приказни што се проширија низ светот, а на крај излезе дека се лажни.

boston7

1. Момче планирало да ја запроси девојката откако ќе ја мине целната линија, а таа загинала пред целта

Меѓу бројните фотографии од местото на настанот, беше и онаа на која едно момче во црвена маица прегрнува една жена која лежи на земјата. Приказната за таа сцена е трогателна. Но, вистината е дека момчето теши една несреќна жена. Оваа фотографија на „Фејсбук“ во рок од 24 часа имаше 448 илјади „лајкови“ и повеќе од 92 илјади споделувања.

2. Девојче загинало на целта

Под фотографијата „една од учесниците на маратонот“ напишано е дека таа загинала во ексползијата на целта. Плус пишуваше дека девојчето трчало во чест на жртвите од ураганот „Сенди“. Подоцна се дозна дека девојчето не можело да се натпреварува бидејќи немала доволно години да трча. Фондацијата, во чие име наводно таа трчала, соопштија дека фотографијата е лажна. И покрај тоа, фотографијата на социјалните мрежи во рок од 24 часа имала повеќе од 500 коментари.

3. Организаторите на трката ќе донираат пари за ретвитовите

На „Твитер“ некој се претставил како организатор на маратонот и напишал дека за секој коментар ќе се донира по еден  долар за семејството на жртвите на маратонот.

За само неколку часа имаше повеќе од 50 илјади кометари на „Твитер“ на оваа тема. Но, набрзо се покажа дека корисникот само ја злоупотребил оваа социјална мрежа, па профилот му беше забранет. Друг корисник кој го злоупотреби „Твитер“ напишал дека загинале осумгодишно момче и девојче. Подоцна се докажа дека не загинало девојчето, а момчето Мартин Ричард, чија смрт беше потврдена, не учестувал во маратонот, туку било само во публика.

4. Властите во Бостон ги угаснале мобилните телефони

На социјалните медиуми се појави информација дека полицијата во Бостон ја прекинала мобилната мрежа за да ги оневозможат напаѓачите да детонираат уште бомби. Оваа информација ја пренесоа и уште некои медиуми, ама подоцна мораа да демантираат.

Вистината беше сосема поинаква. Бостонската телефонска мрежа едноставно беше блокирана од многу телефонски повици, така што работеше малку успорено. Но, во ниту еден момент не беше прекината.

5. Теорија на заговор

Секогаш кога има ваков настан, веднаш се активираат теориите на заговор. Имаше и такви кои тврдеа дека организаторите го извеле нападот со намера да ја изманипулираат јавноста и да ги сокријат вистинските организатори на нападот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top