-Словенија целосно ги поддржува напорите на Македонија на јужната граница за справување со бегалската криза и заштитата на границата со Грција за што сведочи и присуството на словенечката полиција на македонскогрчката граница- истакна премиерот на Словенија, Миро Церар на денешната средба со претседателот Иванов, во рамки на учеството на Самитот во Лондон посветен на Сирија и регионот.
Церар потврди дека Словенија е отворена за соработка по сите прашања во врска со бегалската криза и дека словенечките институции се целосно на располагање. Воспоставена е и координација на институциите кои се задолжени со справувањето со мигрантската и бегалска криза.
Македонскиот претседател се заблагодари за отворената поддршка, како и за неодамнешното барање на Миро Церар до претседателот на ЕК, Јункер за европска поддршка за мерките и инструментите што Македонија ги презема за заштита на јужната гранична линија.
Иванов и Церар, јави известувачот на МИА од Лондон, ја истакнаа подготвеноста на Македонија и Словенија за интензивирање на соработката и продолжување на одличната координација на сите нивоа. Двајцата соговорници разменија мислења за севкупната состојба во Европа и регионот во однос на случувањата со бегалската криза и состојбите во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани