| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајден мртов 42-годишен прилепчанец

Во напуштени простории кај средното економско училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ во Прилеп денеска е пронајден починат маж.

Според основниот јавен обвинител Мимоза Мрмеска, станува збор за 42-годишниот Зоран Ристески од Прилеп.

– Телото на починатиот прилепчанец изутрината го пронашол случаен минувач. Според првичните сознанија и по прегледот од лекар, бил мртов најмалку 10 часа. Има повреда на главата и на вратот, најверојатно, од удар од ѕидот каде што паднал. Причините за смртта не се познати – рече Мрмеска.

Наредена е обдукција за да се утврдат причините за смртта на прилепчанецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top