Да пукне од мака Западот, но нашето СЈО го презема приматот и урнекот на Гвантанамо. Обезбеден е и простор, а селидбата на инвентарот за мачење сведоци е во тек. Соочени со можноста која ја најави директно Барак Обама и која прејудицира скоро затворање на најнечовечкиот затвор во светот, истите тие Американци решија да ја префрлат установата во Македонија. Размислата е многу логична – чуму сите тие милиони од Сорос, кои се покажаа како лоша инвестиција со резултат нула. Овој потег ќе има конкретни резултати. Башка и таа жица и портокалови униформи ќе останат без намена. Другата паралела е режимот во Куба и Македонија. За кусо време, кој не е подобен за Заев, Катица Јанева без пардон ќе го смести во затворот кој ќе го зафати цел Криволак. А ги има многу, премногу. И оваа сторија ја откри, кој друг ако не „Фокус“. Еминентниот неделник ја пренесе ексклузивната изјава на специјалната шефица Јанева, која реално е поактивна на Facebook, отколку на работа. Башка не следи ништо од медиумите и нон-стоп е на прослави, како што се изјасни самата. Следствено на тоа и интервјуто го даде на Facebook chat. На гевгелиски дијалект со литературни примеси, Јанева потенцира:
–Тија ли Совети обвинителски и македонски на мене така специјална ли ке ми кажуват како’ да работам и кого да отпуштам и како’ да распитувам сведоци? Дејгиди, нека се обесат ако искат ама ја од СЈО ќе направам нов Гвантанамо. Ете това ексклузивно ви го откривам и сакам поексклузифка да бидам и од ваште пасоши и лични карти на пријатело ми на FB Чауш, којто дека и да е и него ќе гу услободам. И оште една награда за нувинарство на мој грб с’а да добиете, не само на Чаушо!
Во интервјуто на деценијата и повеќе, гевгелиската специјалка објаснува дека била на ниет да го пушти Чауш одма по Веруш, ама и искрснале други проблеми. Најголемата мука и ја направил Заев, кој башка на гевгелиско-струмичка комшиска база буквално ја удавил со муабетот да го преземе и „Поткуп“, открива специјалката.
„Спаси ме од „Пучо“, с’а и од „Поткупо“ да ме куртулеш, разбираш. Мораш, оти ние та наместиме тамо дека си с’а, бес нас и мојте „бомби“ оште ќе љупеше ѕрѕелии по Гевгелијата – кратко и соопштил лидерот, пренесува Kejty Jan во интервјуот за независниот весник.
-Имаме дузвола од наште странски патрнере, да правеме се што си искаме. Ја не пулагам сметка пред никого вуф Македонијата. Па шо оти сме и терале да лажуват тија сведоците, па шо? И па ќе и тераме, и ќе кажат. Од сто, еден ќе си „признае“, ако не за совес, тугај за 100 илади еура. Башка, спонзоро ни даде оше пе-чес стотини да и арчеме. Ќе наеме сведоци и ќе о срушеме режимо, па јаз’к нека е!
Најспецијалната обвинителка на светот потенцира дека нејзините десет обвинители или нејзинте убвинители, како што таа ги вика, не смее никој да ги пипне. Разочарана што до сега не му учиниле ништо на Заев за да победи, најави дека со овластувањата од странскиот партнер, истиот оној на Заев и Веруш, кога ќе станеме Гвантанамо ќе напраи се за да му го дигне рејтингот макар на 8%. За повеќе и таа не можела, оти не била волшебникот Мерлин, искрено потенцира идната управителка на К.П. Д. Гвантанамо-Македонија.
–Мош да ви најавам оти по затвурањето на фабриката на Чаушо, с’а СЈО ќе мора да работе у три смени и да и „наштанца“ куп афери протиф Вемерето. Ич да не са секирувате, имахме твуречки немир и текнаа ни ногу афери. Не ви и откривам, оти ногу се добри, хихихихи – со смајли на Facebook chat го завршува најексклузивното интервју Катица Јанева. МИМ, ЗНМ, ЕУ и УСАИД уште необјавено веќе подготвија дузина награди за авторите на интервјуто на векот.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст