Компанијата „Гугл“ објави дека од сега нејзиниот пребарувач ќе покажува „погрешни резултати“ за сите тие кои ќе пребаруваат работи повразни со изведување терористички напади.
Наместо тоа, секогаш кога некој ќе напише збор поврзан со екстремизам, пребраувачот Гугл ќе исфрла антирадикализациски линкови.
– Оваа година работиме на две пилот програми. Едната работи на откривање на вакви прегледи, а втората да се обезбеди лицата кои бараат потенцијално штетни содржини во нашиот пребарувач да добијат овие спротивни приказни, изјави претставникот на „Гугл“, Ентони Хоус.
Така на пример, на зборовите „приклучување кон ИД“ на Гугл ќе бидат понудени линкови на мировни организации и текстови кои зборуваат за убави нешта и за соживот. Во 2014 година од ЈуТјуб беа повлечени 14 милиони видеа од кои некои поврзани со тероризмот.
Гугл претходно објави дека не постои начин да се контролираат сите содржини на ЈуТјуб со голема брзина, бидејќи во минута се поставуваат 300 видео содржини.
Американскиот претседател Барак Обама минатиот месец од фирмите од Силиконската долина побара да им помогнат на САД во борбата против тероризмот. За таа цел е одржан и состанок на владини претставници со директорите на „Епл“, „Гугл“, „Фејсбук“, „Јаху“ и други ИТ фирми.
– На состанокот потврдивме дека сме обединети во намерата, терористички материјали да не бидат на интернет, објави тогаш „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст