| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија го одбележува Светскиот ден за борба против карциномот

Во Македонија денеска се одбележува 4-ти февруари – Светскиот ден за борба против карциномот, кој годинава се спроведува под слоганот „Ние можеме, јас можам” и повикува на активно вклучување на поединците, заедницата и надлежните институции со цел превенција и намалување на последиците од појавата на карциномите.

Кампањата се фокусира на информирање и едукација за зголемена свесност за превенција од карцином, обезбедување соодветен пристап до здравствените услуги, обезбедување здрава животна средина и унапредување на политиките по однос на ова прашање.

Една од областите во кампањата за 2015 година е обезбедување на пристап до здравствените услуги, а клучна улога во борбата против карциномот претставуваат превентивните здравствени услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top