| четврток, 6 декември 2018 |

Асанж: Ќе ѝ се предадам на полицијата

assange-head-beard_3425420b

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж најави дека утре ќе се предаде на британската полиција ако панелот на ОН реши дека е законски приведен.

Асанж се засолни во амбасадата на Еквадор во западен Лондон во јуни 2012 година за да избегне испорачување во Шведска поради обвинение за сексуални напади што тој ги отфрли.

Тој поднесе тужба против Шведска, Велика Британија и работката група на ОН поради одлуката за арбитрарен притвор од септември 2014 година.

Асанж објави на „Твитер“ дека ќе ја прифати одлуката против него но се надева дека ќе биде слободен, односно дека ОН ќе одлучи во негова корист.

Работната група на ОН утре ќе ги соопшти резултатите од истрагата за Асанж, односно ќе се произнесе дали ќе бара негово ослободување.

Панелот на правни експерти ги разгледуваше доказите од Велика Британија и Шведска.

– Ако ОН утре соопшти дека сум го изгубил случајот против В. Британија и Шведска ќе излезам од амбасадата на пладне за да ме уапси британската полиција затоа што веќе нема можности за понатамошни жалби – напиша Асанж.

Тој наведува дека ако биде потврдено дека страните во спорот делувале противзаконски очекува веднаш да му се врати пасошот и да сопрат натамошните обиди за негово апсење.

Австралиецот е уапсен во Лондон во 2010 година врз основа на европски налог за апсење кој го издаде Шведска. Еквадор му даде азил, а тој влезе во амбасадата на оваа земја во Лондон, откако врховниот суд во Британија донесе одлука за негово испорачување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top