| четврток, 6 декември 2018 |

Разбиена група за криумчарење мигранти во Бугарија

Бугарската полиција разби криминална група осомничена за криумчарење на стотици бегалци преку Балканот кон Западна Европа и уапси седум лица.

migranti-3-granica-740

– Околу 40 мигранти, кои пристигнале од Турција и сакале да го продолжат патот кон Србија приведени се вчера, во текот на повеќе рации во градовите во јужна и западна Бугарија, соопшти полицијата.

Меѓу уапсените шест се Бугари и еден Авганистанец, кој живее во Бугарија, Тие се обвинети за криумчарење на луѓе.

Криминалната мрежа била активна од јануари минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top