Ова се најбизарните закони во САД. Дел од законите се навистина урнебесни и слатко ќе ве насмеат:
Алабама: Незаконски е да носите лажни мустаци кои предизвикуваат смеење во црквите.
Аљаска: Незаконски е да ја будите мечката додека спие за да се фотографирате со неа.
Аризона: Забрането е магариња да спијат во када за капење.
Колорадо: Незаконски е да јавате коњ под дејство на алкохол.
Хаваи: Забрането е ставање монети во уши.
Илионоис: На малолетните лица не им е дозволено да конзумираат алкохол, освен доколку не станува збор за кулинарска програма.
Индијана: Забрането е носење мустаци доколку личноста има навика да ги бакнува другите луѓе в лице.
Јужна Дакота: Незаконски е да спиете во фабрика за сирење.
Кентаки: Не е дозволено да бојадисувате патчиња во сина боја и да ги продавате, освен доколку не продавате шест парчиња живина одеднаш.
Мериленд: Незаконски е да шетате по јавните паркови во маица без ракави, во спротивно треба да платите казна од десет долари.
Мејн: Незаконски е да држите (новогодишна и божикна) декорација по 14 јануари.
Мисисипи: Казната за навредлив речник на јавно место изнесува сто долари.
Мисури: Незаконски е да превезувате мечки, кои не се сместени во кафез.
Монтана: Доколку наведувате овца на железичка шина со цел да му нанесете штета на возот, ќе бидете казнети 50 илјади долари и служење затворска казна од пет години.
Њу Хемпшир: Од 1973 година е забрането собирање и носење морска алга во текот на ноќта.
Охајо: Незаконски е да ги опивате рибите.
Оклахома: Незаконски е да се борите со мечка.
Висконсин: Незаконски е да служите замена за путер во затворите.
Вајоминг: Во периодот од јануари до април не е дозволено да ги фотографирате зајаците без официјална дозвола.
Западна Вирџинија: Забрането е да свиркате под вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



