| четврток, 6 декември 2018 |

МВР со детали: Стоилов нападнат зашто не сакал да се слика со нив

Нападот врз македонските ракометни репрезентативци бил пријавен завчера вечер во 4:30 часот во полициската станица Центар.

Според билтенот на МВР; Стојанче Стоилов се здобил со видливи повреди откако околу 4 часот изутрината бил физички нападнат од Т.Г (33) од Скопје и уште четири-пет непознати лица.

Додека тој, околу 4 часот изутрина, заедно со неговите другари Д.М. и Н.Т. , јадел во пекарницата „Силбо“ на ул.„Костурски херои“ бб му пришле четири до пет непознати лица, кои сакале да се фотографираат со него. Кога одбил почнале вербално да го навредуваат и да му упатуваат погрдни зборови, по што излегле надвор и почнале да ги оштетуваат возилата на Д.М. и Н.Т.

По ова и Стоилов заедно со Д.М. и Н.Т. излегле надвор да видат што се случува при што ракометарот бил физички нападнат со клоци и тупаници од страна на Т.Г. и другите непознати лица со кои претходно имал вербална расправија.

Од извршениот разговор со инволвираните лица и со сведоците случајот бил расчистен. Според соопштението на МВР на Стоилов и на Т.Г. им е издаден записник за констатиран прекршок  „тепачка“ по чл. 11 од ЗППЈРМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top