Италијанскиот актер Рафаел Шумахер се наоѓа во кома со тешки повреди, откако се обидел да се обеси на театарската сцена. Се работи за претстава во која ликот на Шумахер требало да се обеси, но публиката доцна сфатила дека актерот навистина виси на јажето.
Театарот „Лукс“ во Пиза е затворен додека полицијата го истражува случајот. Никој не знае како дошло до несреќата, а веќе се појавија и првите шпекулации дека Шумахер навистина сакал да изврши самоубиство.
За сè да биде уште почудно, Рафаел во последен момент го сменил сценариото и наместо планираното „самоубиство“ во пиштол, одлучил тоа да биде со бесење.
Од друга страна, пак, неговата мајка изјавила дека синот неодамна останал без татко и раскинал со девојката, но сигурно не се обидел да се убие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


