| четврток, 6 декември 2018 |

Нови детали: Во тепачката синоќа повреден и Стоилов

Покрај Дејан Манасков, во синоќешната тепачка на булеварот „Партизански одреди“, нападнат е и репрезентативниот пикер Стојанче Стоилов. Според „Спортмакс“, Стоилов се здобил со исеченица, а според некои и со скршеница, на раката.

Инцидентот се случил околу 4.15 часот наутро, кога Манасков, Стоилов и нивниот пријател, фудбалерот Никола Трипуновски, застанале пред пекарницата „Силбо” спроти Универзална сала. Тука биле пресретнати од група момчиња, кои најпрво ги нападнале вербално, а потоа и физички.

Оштетени се и нивните автомобили, по кои напаѓачите мавале со бетонски цигли.

– Возилото на Дејан е нападнато со бекатон плочки, вербален конфликт со навивачка група. Физичка пресметка немало и Дејан не е повреден. Има само нанесена штета на автомобилот – изјави за „Република“ поранешниот ракометар Пепи Манасков, татко на ракометарот Дејан Манасков, кој ноќеска бил во друштво на спортисти кои биле нападнати од група навивачи од Скопје.

„Република“ се обиде да стапи во контакт со Стоилов, но тој не одговараше на телефонските повици.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top