| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски на погребот на Маргарет Тачер

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, денеска ќе ја претставува Република Македонија на церемонијалниот погреб на поранешната премиерка на Велика Британија, Маргарет Тачер.

На погребната церемонија во Лондон се очекува присуство на поранешни и актуелни светски лидери, поканети се сите американски претседатели, ќе присуствува британската кралица Елизабета Втора (првпат по погребот на премиерот Винстон Черчил во 1965 гoдина), неколку светски политички величини од периодот на Студената војна –  Михаил Горбачов, Хелмут Кол, како и Ненси Реган, сопруга на поранешниот американски претседател Роналд Реган, кој е починат, поранешните британски премиери Тони Блер, Гордон Браун и Џон Мејџор, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, лидерот на опозицијата Ед Милибанд, канадскиот премиер Стивен Харпер, претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо и многу други видни светски јавни личности.

Предвидено е погребната процесија да почне да се движи од Вестминстер, да помине преку Даунинг стрит, црквата „Свети Климент“ до катедралата „Свети Павле“, каде што во 11 часот е предвидено да почне централната погребна служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top