Српската тенисерка со македонски корени, Бојана Јовановски, ја заврши бајката на 42-годишната Кимико Дате Крум во третата рунда на Австралија опен. Со 2-0 во сетови талентираната Бојана ја исфрли од игра противничката од Јапонија, која стана втората највозрасна тенисерка што минала две кола на гренд слем турнир.
Пласманот во 4. коло е најголем успех на 21-годишната Јовановски.
Со многу мака првата фаворитка Викторија Азаренка ја продолжи мисијата наречена одбрана на трофејот во Мелбурн. Силен отпор и пружи Американката Џејми Хемптон, но сепак понатаму со победа од 2-1 оди белоруската тенисерка.
Во машка конкуренција приказна на денот е подвигот на Жереми Шарди. Големата надеж на францускиот тенис, конечно блесна и во маратонски меч го елиминира Хуан Мартин дел Потро. Неизвесноста траеше над 4 часа, а поразениот анулира негатива од два сета, но немаше сили за комплетен пресврт, па Шарди се пласира понатаму. Испадна и Марин Чилиќ со идентичен пораз од 2-3 во сетови. Хрватот е елиминиран од цврстиот Италијанец Андреас Сепи. Во завршницата се најде и Роже Федерер, по максималната победа над домашниот адут Бернард Томиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст