Вежбате, здраво се храните и внимавате на вашиот изглед? Но, ако не посветувате доволно внимание на менталниот фитнес, кој е исто така важен, не сте ја завршиле целата работа. Без ментално здравје ќе бидете помалку мотивирани, помалку ќе внимавате на себе и полесно може да паднете во замката нездрави одлуки. Затоа е многу важно да ја подобрите психичката состојба. Како да го постигнете тоа?

1. Визуелизација

Со замислување на работите кои сакате да ги остварите во живот, во суштина вие говорите со вашата потсвест. Така визуелизацијата помага да се создаде мост меѓу моментната и саканата стварност. Ако визуелизирате нешто нездраво ја предизвикувате најголемата пречка – стравот.

2. Релаксација

Сите сме под стрес и затоа опуштањето во такви ситуации е многу неопходно и нужно за нашето вкупно здравје. Тоа не значи дека со опуштање ќе го решиме стресот и одеднаш ќе станеме зен и имуни на секојдневните животни проблеми, но во голема мерка ќе си помогнете себеси. Ако не сте тип за јога или медитација, пробајте да затворите очи на 15 минути и да не размислувате за ништо.

3. Благодарност

Често сме фокусирани на негативните работи кои ни се случуваат, а не она што моментално го имаме. Ќе бидете повеќе задоволни кога би се фокусирале на позитивните работи и на сите успеси кои до сега сте ги направиле.