Многу парови запаѓаат во монотонијата под влијание на дневните обврски. Тие забораваат на задоволствата и на сатисфакцијата. Тоа особено влијае на сексуалниот живот, па незадоволството на едниот или на двајцата партнери може да стане голем проблем.
За да не прерасне сексот во рутина, пробајте некои потези во сексот, кои можеби ќе ви донесат многу задоволство. Пуштете ги сопирачките и пробајте ги овие пет нешта во вашиот живот.
- Гледајте се себе си и партнерот во огледало за време на сексот
Снимајте се при сексот. Тоа ќе биде идеален зачин кој ќе ја задоволи егзибиционистичката страна. За создавање на совршена атмосфера која ќе ја бара камерата, исчистете сѐ околу себе, наместете придушено светло, па камерата наместете ја некаде каде што нема да ви пречи во односот. И- акција!
- Заедно гледајте секси видео
Гледајте порнофилм за време на сексот. Филмовите за возрасни ќе ја распламтат вашата сексуална желба, особено по напорен и стресен работен ден. Доколку не сакате порнофилмови, побарајте некој еротски филм.
- Праќајте си секси пораки меѓу вас
Пратете му говорни секси-пораки. Нека биде тоа куса порака, од 5 до 10 секунди, сензуален шепот. Дури и ако не се чувствувате најкомотно говорејќи „непристојности“, ова ќе ви биде одлична вежба за ослободување.
- Партнерот нека преземе контрола в кревет
Зачинете го сексот со игра на доминација. Препуштете ја контролата во кревет на партнерот и следете ги неговите „наредби“ , тоа може да ви донесе целосно ново сексуално искуство. Но, тоа не значи да ги заборавите сопствените желби. Пробајте со игра во која ќе користите едноставни реченици како „Да господине, како сакате“.
- Користете вибратор
Вибраторот користете го заеднички. Дајте му го на партнерот в раце, па пуштете го со него да ве задоволи. Доволно за почеток, па нека ве понесе играта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.