| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на нападнатите спортисти – ги гаѓале со тули

Нема пријава во МВР за синоќешната тепачка во близина на ресторанот „Силбо“, кај булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во која се повредени македонски ракометар и фудбалер.

Од МВР за „Телеграф“ потврдија дека се случил инцидент, но велат дека нема пријава за тепачка, односно за нарушување на јавниот ред и мир. Исто така, велат дека не била пријавена ниту повреда кај ракометарите. Пријавата била за оштетување на патничко возило.

Како што велат од МВР, нападнатите ракометари се 24-годишниот Д.М. и 34-годишниот Н.Т. Биле оштетени двете нивни возила, предната хауба на „мерцедес“ на Д.М.,  и на возилото на Н.Т., „голф“ и тоа од бекатонски плочки кои ги фрлиле непознатите лица.

Инцидентот двајцата го пријавиле во 4.30 утринава, при што навеле дека настанот се случил во 4 часот.

Според сведоци, двајцата македонски ракометари биле нападнати рано утрово околу 4 часот од страна на поголема група непознати лица, при што, еден од нападнатите се здобил со скршeница на раката, а им биле оштетени и возилата.

Според тврдењето на сведоците, напаѓачите биле дел од навивачка група, а до инцидентот дошло по вербална расправија.

Фото: архива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top