Поштенски плик со силен протеински отров рицин е откриен во американскиот Конгрес, еден ден по терористичкиот напад во Бостон.
Писмото било упатено до републиканскиот сенатор од Мисисипи, Роџер Викер, но не му било врачено затоа што по проверката било утврдено дека во него има отров неколку пати посилен од цијанид.
Според некои медиумски информации, писмото било испратено од Мемфис во Тенеси.
Овој инцидент се случил само еден ден по терористичкиот напад на бостонскиот маратон во кој тројца загинаа, а повеќе од 180 се повредени, меѓу кои 17 се борат за живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


