Ја испишаа спортската историја, но можеа уште толку многу…Легендарни спортисти кои прерано ја напуштија големата сцена, трагично загинати асови кои веќно ќе останат запаметени.
Петар Радаковиќ
Хрватски фудбалер, кој 19 пати го носеше дресот на Југославија и беше член на државната селекција на Светското првенство во Чиле 1962 година. Почина млад на патот кон болницата откако доживеа срцев удар на тренинг. Имаше 29 години.
Радивој Кораќ
Познат под надимакот Жучко, Кораќ беше еден од најдобрите, ако не и најдобриот југословенски кошаркар во шеесетите. Беше најдобар стрелец на првенството на Југославија седум години со ред, што е рекорд во историјата на југословенската кошарка, со просек по натпревар од 32,7 поени. Загина на 30-годишна возраст во сообраќајна несреќа на 12 километри од Сараево, веднаш после натпреварот на репрезентаијата на Југославија со селекцијата на Босна и Херцеговина.
Tрајко Рајковиќ
Играше како центар и беше познат по карактеристичниот шут на топката преку глава од страна и исклучителното чувство за скок. Со кошаркарската репрезентација на Југославија освои многу медали на првенства. Почина неколку дена по завршувањето на Светското првенство во Љубљана во 1970 година поради срцева мана.
Владимир Дурковиќ
Едно од најголемите имиња во историјата на Црвена ѕвезда, фудбалски репрезентативец на Југославија на 50 натпревари. Животот го загуби на 34 години кога по грешка беше застрелан од страна на полицаец во Сион, Швајцарија во 1972 година.
Драган Манце
Загина на 3 септември 1985 година во сообраќајна несреќа додека брзаше на тренинг. Денес многу Гробари сметаат дека тој е легендата на српскиот фудбал, затоа што со 23 години беше најдобриот играч и стрелец во историјата на Партизан, Во негова чест, недалеку од стадионот ЈНА во Белград, постои улица наречена по него.
Дражен Петровиќ
Познат југословенски кошаркар, еден од најдобрите од Стариот континент на сите времиња. Се смета за најважниот дел од почетокот на големото европско влијание на евроспките кошаркари во НБА. Загина како совозач во тешка сообраќајна несреќа во Германија во 1993 година, неколку месеци пред да наполни 29 години.
Харис Бркиќ
На 14 декември 2000 година Харис Бркиќ е застрелан со два куршума во главата на паркингот пред салата Пионир од непознат сторител. Неколку дена подоцна, на 26 години, во белградската болница го губи животот, а ова злосторство до деденес е неразјаснето. Во чест на овој одличен босански кошаркар, клубовите чии бои ги бранеше секое лето организираат меморијален турнир.
Joван Гојковиќ
Вечно насмеаниот Цуне ќе остане запишан во историјата на српскиот фудбал и онаа на Црвена ѕвезда. Загина на 26 години, откако враќајќи се кон Белград, изгуби контрола врз возилото поради заледениот пат и со автомобилот се заби во столб покрај патот.
Горан Гогиќ
Загина во Кина на 3 јули минатата година, откако изгуби свест после тренинг. Бившиот фудбалер на Црвена ѕвезда настапуваше за кинески Џингдао. Погребан е две недели подоцна со звуците на навивачката песна „Dobro znaj da uvek tu sam ja“.
Извор: espreso.rs
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст