| четврток, 6 декември 2018 |

Голтка пиво, голтка среќа

bierВкусот на пивото влијае врз функциите на мозокот поврзани со желбата и потребата за пиење, а тој предизвикува лачење на хормонот допамин, кој се поврзува со среќните сеќавања.

Самиот вкус на пивото,  а не алкохолот во него, е доволен за добро расположение, покажува студијата на Универзитетот „Индијана“. Научниците во експериментот ги истражувале ефектите од пивото врз доброволците кои дегустирале по 150 милилитри пиво во текот на 45 минути, а пред и по пиењето мозокот на испитаниците бил и скениран.

Откриено е дека самиот вкус на пивото е доволен за зголемување на лачењето на хормонот допамин, хемикалија која во мозокот се поврзува со пријатните искуства. До опуштање на допаминот по природен пат доаѓа во возбудливи, адреналински ситуации, но и по консумацијата на дрога и алкохол.

– Сепак, пивото нема такво влијание врз производството на допаминот, туку производството на хормонот за среќа се поврзува со неговиот вкус и позитивните сеќавања кои ги буди – пишува „Лајв сајнс“.

– Резултатите не се изненадувачки, но за првпат потврдивме дека алкохолните пијалаци имаат поголемо влијание врз нашето расположение од она што досега го знаевме – изјави водителот на студијата, професор Давид Карекен.

Тој додава дека лачењето на допаминот ќе биде уште позначајно кај мажите што имаат случај на алкохолизам во семејството.

– Студијата демонстрира дека вкусот сам по себе има влијание на функциите на мозокот поврзани со потребата и со желбата – вели професорот Питер Андресон од Универзитетот „Њукасл“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top