Еден македонски ракометен репрезентативец е повреден во масовната тепачка што вчера доцна вечерта се случила пред млечниот ресторан „Силбо“ на булеварот „Партизански одреди“ спроти Универзалната сала во центарот на Скопје, дознава „Прес24“ од очевидци.
Според нашите информации, инцидентот се случил меѓу една група составена од двајца македонски репрезентативци и нивните пријатели и уште една поголема група.
Во тепачката, еден македонски ракометен репрезентативец се здобил со исеченица на раката.
За информацијата сè уште нема потврда ниту од полицијата, ниту од учесниците во тепачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст