| четврток, 6 декември 2018 |

Пет работи за повеќе оргазми

Секоја жена има свој начин како го доживува оргазамот. Не грижете се за тоа дека треба да биде исклучиво со пенетрација. Отпуштете се и уживајте во истражувањето на начини кои ќе ве доведат до оргазам. Колку повеќе, толку подобро!

1. Кегелови вежби – Јаките мускули подобро работат, принудувајќи повеќе крв во карлицата (посилна возбуда) и контракциите се многу моќни, што резултира со подолг и поинтензивен оргазам.
2. Менувајте ги видовите стимулација – Ќе имате повеќе шанси за повеќе од еден оргазам ако ги менувате „средставата“. Менувајте сè, од орален секс на пенетрација, и користете го прстот за стимулација на клиторисот.
3. Вежба задржување – Доведете се до работ на оргазам, а потоа почекајте возбудата да падне, а потоа повторно доведете се до оргазам. Со тоа, ќе вежбате да остане на врвот на возбудата. Со тоа ќе се зголеми не само ослободувањето ендорфини, туку и ќе го научи вашето телото да се задржи на работ на оргазам.
4. Држете се до некои навики – Колку повеќе познати ритуали пред оргазам вашиот мозок ќе препознае, тоа ќе биде поефикасно. На пример, некои имаат ритуали пред спиење – четкање заби, миење лицe.
5.Запомнете ги предизвикувачите на оргазми – Едноставните работи ќе го усмерат вашиот мозок на прав пат. Тоа може да биде звукот на отворање на фиоката од ормарот додека од него го вадите вибраторот или некој звук кој се произведува кога сте возбудени. Што повеќе сте свесни за нив, тоа подобро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top