Чешкиот премиер Бохуслав Соботка, заедно со министерот за внатрешни работи, Милан Хованец, директорот на полицијата Томаш Тухи и македонскиот амбасадор во Прага, Паскал Стојчески денеска ќе присуствува на свечената церемонија на испраќање на контингент на чешки полицајци во Македонија.
Како што јави дописникот на МИА од чешкиот главен град, 27 припадници на специјалните единици на полицијата и две кучиња ќе помагаат во заштитата на македонско-грчката граница до 19 март годинава.
Чешка досега испрати свои членови на силите за безбедност како помош за совладување на бегалската криза во Унгарија и во Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.