Бужим, град во Босна и Херцеговина и една од најмладите општини со речиси 20 000 жители може да се пофали со голем број на близнаци.
Овој град е град на близнаците – еднојајчани, двојајачни, истополови, различни полови – и се гордее со тоа.
Зумерета Хоџиќ, матичарка во Матичната служба на општината Бижим вели дека ова е вообичаена појава со години.
-Имаме голем број на семејства кои имаат по десет или петнаесет деца, апоежу нив педесет отсто се близнаци – појаснува Хоџиќ.
Во овј град нема одделение во осново и средно училиште во кое нема барем еден пар близнаци.
Овој феномен станал познат благодарение на тамошниот новинар и публицист Неџби Вучељ.
-Кога за време на војната добив близнаци и почнав да бара детски колички ме упатија на едно семејство, па на друго, па на трето..сите имаа близнаци. Тогаш почнав да истражувам и утврдив дека тука тоа е нормална појава – вели тој.
Вучељ наведува дека феноменот е очигледно вран за жените,а не за мажите:
-Познавам многу луѓе кои не се од Бужим но се женети со жени од овие краишта и имаат близнаци. Впрочем ниту јас не сум од Бужим туку мојата жена е од овој град – појаснува новинарот.
Поради овој феномен жителите на овој град покренале иницијатива овој град да се прогласи за градот на близнаците.
Општинскиот совет би требало во февруари, по повод одбележување на 20 годишнината од постоење на оваа општина да ја донесе таа одлука.
Луѓето велат дека сакаат на таблите да пишува – „Бужим – градот на близнаците“.
Фотографии на близнаците од овој град :
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст