| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Попоски-Рот: Германија останува поддржувач на евроинтегративните процеси на Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска имаше средба со државниот министер за Европа во германското министерство за надворешни работи, Михаeл Рот.

rot-2

На средбата се разговарало за предизвиците и перспективите во европската и евро-атлантската интеграција на Република Македонија, како и за  мигрантско – бегалската криза.

Министерот Попоски ја реафирмираше важноста и улогата на Германија како стратешки партнер за Република Македонија во процесот на интеграцијата во Европската унија и НАТО.

На европската перспектива на Македонија треба да и се даде кредибилитет со што поскоро започнување на преговорите. Како и во изминатите седум години, Македонија останува целосно подготвена за процесот на пристапни преговори.

rot-1

Внатрешните политички предизвици се надминуваат низ инклузивен процес кој треба да се заокружи час поскоро и без одлагање со претстојните парламентарни избори во април. Кредибилни избори и суштински напредок по клучните приоритети за зајакнување на правната држава и економскиот развој на земјата остануваат во фокусот на активностите на владата.

Министерот Рот ја акцентираше принципиелната германска поддршка за интегративните процеси на РМ во ЕУ и НАТО, потенцирајќи ја важноста на имплементирањето на политичкиот договор и почитувањето на препораките содржани во последниот извештај на Европската комисија за Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top