Марина Перазиќ која пееше во групата „Денис и Денис“ го предводеше бранот на електронската музика од осумдесеттите години на минатиот век. Беше секс симбол на поп сцената на тогашната СФРЈ.
-Никогаш небе фасцинирана од целата таа слава. Јас сум дипломиран инженер, а ме спуштаа на ниво на некое месо и се срама од тоа – изјавила Марина за 24 сата.хр.
На врвот на кариерата пејачката замина со момчето во Њујорк каде планирале да се задржат шест месеци. Останале девет години, а со оглед на тоа дека брзо ја потрошила заштедата и морала да работи ако келнерка и дадилка. Кога се вратила во Хрватска пред крај на деведесеттите го сними албумот „Исто како море“ кој немаше забележан успех.
„Денис и Денис“ повторно се собраа пред две години и одржаа неколку концерти, но како што тврди Марина повеќе немаат тезги затоа што се прескапи.
Последните години живее во Нови Сад каде подучува Зумба бидејќи во родната Ријека 12 години не можела да најде работа. Во 2013 година регионалните медиумите пишуваа дека газдата се обидел да ја исфрли од станот бидејќи Марина не платила кирија 14 месеци.
Како членка на групата „Денис и Денис“ Марина Перазиќ во осумдесеттите ја запали Југославија, а за нејзините секси спотови како што е „Соба23“ се раскажува до ден денес.
Некогашната секс бомба Марина Перазиќ од бракот со Иван Феце Фирчи има две ќерки, Миа Катарина и Луна Марија.
Постарата Миа има 23 години, се бави со дизајнирање на облека и во изгледот многу потсетува на мајка и. Луна е три години помлада и вниманието на себе го заврте со учеството на „први глас Србије“ пеачко шоу.
И двете многу ретко се појавуваат во јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст