| четврток, 6 декември 2018 |

Маргарита Христова гради успешна кариера во Турција

Каде се...

margarita hristova2Ја паметиме Маргарита Христова, битолчанката што пред повеќе од 20 години се појави на македонската музичка сцена. Последниве години Маргарита Христова не е присутна на македонската сцена. Се запрашавме каде е поп-пејачката која порано се појавуваше на македонските фестивали. Ја најдовме на „Фејсбук“, а таа со задоволство одговори на нашето прашање каде е денес:

– Сѐ уште сум активна со музика, можеби и поактивна од порано иако ме нема во Македонија воопшто. Патувам многу бидејќи моите настапи се надвор од земјава. Настапувам најчесто во Турција, Малта и во Италија. Успешна соработка имам со најпознатиот турски тенор Хакан Ајсев, со кого снимивме дует и оттогаш јас сум гостин на неговите концерти во Турција и во Германија. Учествував и на фестивал во Малта, каде што од учесници од 20 земји ја добив наградата за најдобар глас и оттогаш ми се отворија вратите и неколку пати годишно учествувам на концерти кои ги организира WAFA (World asotiation of festival and artist), каде што единствен член од Македонија сум јас.

Маргарита Христова е задоволна од она што го постигнала во Турција. Кога разговаравме, ни кажа дека е дел жирито на турскиот „Идол“. Посочи дека оди и за Франција како гостин на концертот на Ен Марија Давид, евровизиската победничка во 1973 година, која го претставуваше  Луксембург.

Од концерт во Турција

Од концерт во Турција

Иако е активна надвор од македонската сцена, таа сѐ почесто посакува да сними нешто ново во Македонија.

– Сакам да снимам нешто за своја душа. Искрено се надевам дека кај нас за брзо време ќе се средат работите на музичката естрада и ќе имаме вистински квалитетна и независна естрада – додава таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top