| четврток, 6 декември 2018 |

Матурски забави забранети за црнци- расна сегрегација во американските училишта

georgia-first-integrated-promВо делови од Џорџија во раните седумдесети години, со еднаквите права на афроамериканците, прекината е и традицијата на еден од култните американски симболи -матурската забава. Всушност, продолжила традицијата на мали приватни забави, бидејќи белите семејства не можеле да го ртазберат мешањето на децата на една матурска забава.

За чудо, таквата поделеност со одделни забави се уште трае и се толкува и оправдува  како „традиција“! Четири млади девојки од училиштето во Вилкокс Каунти, јужна Џорџија, се обидуваат годинава да го направат првиот чекор- да организираат една матурска забава. Во таа намера им се приклучуваат се повеќе ученици, а за кратко време се здобија и со поддршка од медиумите.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top