| четврток, 6 декември 2018 |

Фатени 26 илегалци кај Градско, возачот во притвор

Вчера наутро во 05,00 часот на автопатот Неготино-Градско, на наплатната станица „Градско“ од страна на полициски службеници од ПС-Неготино сопрено е товарно моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(20) од Велес.

При преглед на возилот, во товарниот дел пронајдени се 26 илегални мигранти од кои три лица од Пакистан, три лица од Иран и 20 лица Мароко.

Т.А. и мигрантите се приведени во ПС-Неготино, каде против возачот е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти, со која е предаден во ОЈО-Скопје, каде од страна на судија на претходната постапка одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top