| четврток, 6 декември 2018 |

Страв има, ама во Лондон в недела ќе се трча маратон

Лондонскиот маратон ќе се трча в недела иако постои страв од реприза на бомбашките напади што се случија на бостонскиот маратон завчера.

Британскиот министер за спорт, Хју Робертс, изјави дека одржувањето на маратонот во главниот град на Англија ќе биде најдобриот одговор на заканите и дека нема да се отстапи од редовниот термин за трчање на долги патеки во Лондон, в недела.

Olympic Games 2012 Athletics, Track and Field

Според најавите, на маратонот ќе учествуваат повеќе од 37 илјади натпреварувачи, а трката ќе ја следат околу половина милион гледачи. Лондонскиот маратон е еден од најпознатите во светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top