| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски ја најави новата инвестиција: Нови работни места, нова добра вест за Македонија

Денеска во ТИРЗ Скопје 1 ќе се отвори втората фабрика на италијанската компанија „Технокозе“, инвестиција што ќе донесе нови работни места во Македонија.

Добрата вест на „Фејсбук“ ја сподели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој ќе присуствува на денешната церемонија.

– Нова добра вест за Македонија! Нова инвестиција и нови работни места! Денеска свечено ќе се отвори втората фабрика на италијанската компанија „Технокозе“ во ТИРЗ Скопје 1, инвестиција вредна дополнителни 10 милиони евра. Со инвестицијата ќе се отворат дополнителни 100 работни места. Новоизградениот објект е со површина од 12.000 квадратни метра и ќе овозможи компанијата за трипати да го зголеми капацитетот на своето производство, односно од сегашните 5 милиони евра да произведува и извезува производи во вредност од 15 милиони евра. Компанијата има за цел да реализира и трета фаза од својот проект, односно инвестиција од дополнителни 15 милиони евра и нови 150 вработувања.

„Технокозе“ е втора компанија, по „Џонсон мети“, која веќе ја реализира својата најава за проширување и за изградба на втора фабрика во Македонија. Со најавените изградби на втори фабрики и на компаниите „Ван Хол“ и „Џонсон контролс“ се потврдува дека компаниите се задоволни од водењето бизнис во Република Македонија и решаваат да реинвестираат кај нас.

Политиката на Владата за подобрување на бизнис-климата дава резултати.

Нека е аирлија! – напиша Груевски.

Нова добра вест за Македонија! Нова инвестиција и нови работни места! Денеска свечено ќе се отвори втората фабрика на Ит…

Posted by Nikola Gruevski on понеделник, 1 февруари 2016

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top