Потенцијалните кандидати за претседател на САД, по речиси една година меѓусебни дебати и кампања, денеска ќе излезат пред гласачите во сојузната држава Ајова, каде што ќе бидат одржани првите партиски избори.
Милијардерот Доналд Трамп, кој од летото убедливо води во трката за републиканската претседателска номинација, и понатаму е фаворит на национално ниво, но во Ајова неговата предност е помала.
Слична е ситуацијата и кај демократите. Поранешната сенаторка, државна секретарка и прва дама Хилари Клинтон, засега има убедлива предност на национално ниво, но во Ајова е само неколку продценти пред левичарот Берни Сандерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.