Црна статистика.
Секој трет ден во Црна Гора се случува едно самоубиство и според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), со 17 смртни случаи на 100 000 жители, нашата држава се наоѓа во горната половина на европската ранг – листа на земји според вредноста на општата стапка на суицид, пишува црногорскиот магазин Дан.
Во последните пет години, од 2011 до 2015, самоубиство извршиле дури 743 лица. Од Управата на полицијата на Министерството за внатрешни работи е соопштено дека лани животот си го одземале 140 граѓани, додека во 2014 година се регистрирани 164 самоубиства. За време на 2013 година самоубиство извршиле 128 граѓани, 2012 – 148, а во 2011 – 163.
-Најголем број на самоубиства во 2014 – 2015 година се забележани во градови на подрачјето на Центарот за безбедност на Подгорица поточно во одделенијата за безбедност во Подгорица, Колашин, Цетиње и Даниловград, а потоа во градовите во надлежност на ЦБ Никшиќ – велат во Полиција.
Бесење и употреба на огнено оружје се начините на кои најчесто се извршени самоубиствата во наведените две години.
Според статистиката најмногу лица си го одземат животот во старосна доба преку 60 години. Во 2013 година 18,7 отсто лица кои си го одземале животот биле стари помеѓу 20 и 40 години, 35 отсто помеѓу 40 и 60 години, а 45 отсто биле лица преку 60 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.