| четврток, 6 декември 2018 |

За бегалците од Сирија се потребни еден милион работни места

БЕГА

Потребни се еден милион работни позиции за бегалците од Сирија во земјите што го понесоа товарот на бегалската криза од пред речиси пет години, со цел да се подобри квалитетот на животот на бегалците, изјави претседателот на Меѓународниот комитет за спасување (ИРЦ), Дејвид Милибанд.

Тој нагласи дека бегалците веќе немаат заштеди, се борат да добијат помош и сè помалку можат да се издржуваат себеси и своите семејства. Многу од семејствата ги праќаат децата да работат на црниот пазар, а жените и девојките се посебно погодени со финансиските тешкотии бидејќи се присилени порано да стапат во брак или да нудат сексуални услуги, наведува ИРЦ.

Во Лондон в четврток ќе биде одржана конференција со цел собирање средства за бегалците. На конференцијата ќе се разговара за можностите за вработување на сириските бегалци во Турција, Јордан и Либан, каде што живеат повеќе од 90 проценти од нив. ­

– Оваа конференција треба да стави крај на фикцијата дека војната во Сирија е при крај – изјави Милибанд, поранешниот британски министер за надворешни работи. Милибанд повика пред сè да се обезбедат работни дозволи за професорите за да се забрза образованието на бегалските деца. Тој наведе дека 200.000 деца во Либан сè уште не почнале со своето образование.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top