| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто токму тоа го сонувавте? Работи што влијаат врз вашиот сон

son

Честопати се случува да се разбудиме и да се прашуваме од каде ни се појавил токму тој сон во главата. Многу работи влијаат врз сонот, а некои тригери ќе ве изненадат. Во продолжение прочитајте кои се тие неочекувани работи кои влијаат врз содржината на сонот.

1.МИРИСИ. Истражувањата покажаа дека ќе сонувате позитивни сонови ако во моментот на спиењето до вас допре мирис на цвеќе, додека мирисот на сулфур е причина за негативни сонови. Се смета дека постои голема веројатност дека мирисите се “инфилтрираат” во нашите сништа.

2.ЗВУЦИ. Сте се разбудиле откако сонувавте дека се наоѓате среде пожар, а всушност ве разбудил будилникот. Тоа се случува затоа што постои мал временски “прозорец” низ кој може звукот да дојде до вашиот мозок за време на спиењето. Тоа се обично звуци кои се доволно тивки за да не не’ разбудат, но и доволно гласни за да ги перцепира мозокот.

3.ЗАЧИНЕТА ХРАНА. Може да предизвика “неугодност” во дигестивниот систем и да предизвика тешки сонови. Главно станува збор за кошмари, па затоа одбегнувајте да јадете зачинета храна минимално два часа пред спиење.
4.СПИЕЊЕ НА СТОМАК. Дали сте склони на “врели” сонови? Експертите во текот на истражувањето откриле дека таквите сонови се интензивираат ако спиеме на стомак.

5.АНТИДЕПРЕСИВИ. Иако тие се создадени за да не смират, докажано е дека одредени антидепресиви влијаат на кошмарни сонови. Утврдено е дека луѓето кои ги консумираат имаат поинтензивна РЕМ фаза (фаза на сонот кога сонуваме). Ако се чувствувате измачено поради лошите соништа, разговарајте со вашиот лекар за промена на антидепресивот.

6.ПРЕСТАНОК НА ПУШЕЊЕТО. Откако сте се одлучите да се ослободите од оваа лоша навика, би можело да доживеете живописни сонови. Едно истражување потврдило дека дури 63% од пушачите по престанокот редовно сонуваат цигари. Избегнувањето на никотинот исто така, ќе ја зголеми активноста на мозокот, па на тој начин бившите пушачи општо повеќе ќе сонуваат, но по извесен период сите овие “нуспојави” ќе исчезнат.

7.ГЛАД. Не е само престанокот на пушењето мотиватор за сонови, гладта исто така ја предизвикува истата работа. Па така, лицата кои се на диета почесто сонуваат за храна, а поради ниското ниво на шеќер во крвта, исто така, полесно ги памтат соновите.
8.ХОРОР ФИЛМОВИ ПРЕД СПИЕЊЕ. Уште кога бевме мали ни говореа дека хорор филмовите ќе ни предизвикаат кошмарни сонови. Тоа не е мит, туку вистина. Лекарите велат дека последната работа што ја правиме пред спиење, секогаш влијае врз нашиот сон. Музиката која ја слушаме, книгата која ја читаме, ТВ серијата или филмот кој го гледаме – сето тоа на некој начин ќе влијае врз содржината на она што ќе го сонуваме.

Ако гледате нешто што ве плаши, тогаш такви ќе ви бидат соновите. Од друга страна, ако гледате позитивен филм, тој ќе предизвика позитивни сонови.

9.БРЕМЕНОСТ И ПЕРИОД ПОСЛЕ ПОРАЃАЈ. Не е невообичаено да сонувате деца во овој период, а големата количина од необични сонови може да биде резултат на емоции, умор и хормони. Сите тие сонови се знак дека телото се обидува да се навикне на промените кои се случуваат.

Извор: НМД

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top