| четврток, 6 декември 2018 |

Кардиф премиерлигаш по половина век (видео)

Велс ќе има два прволигаши од следната сезона во англиската Премиерлига, а на Свонси кој веќе е староседелец, од 2014, во елитното друштво ќе му се приклучи и Кардиф. Вчеравечер тие ремизираа без голови против Чарлтон и теоретски обезбедија пласман во Премиерлигата. Кардиф не бил член на најсилната ангилска лига од 1962 година. Навивачите на велшкиот клуб влетаа на теренот веднаш по завршувањето на натпреварот против Чарлтон за да го прослават големиот успех со своите миленици. Најсериозен кандидат да му се приклучи на Кардиф е Хул, екипа што моментно е второпласирана во Чемпионшип, со 6 бода предност пред Ватфорд, на 3 кола до крајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top