| четврток, 6 декември 2018 |

Роботи ќе ги заменат руските војници

ruska armija

Роботите во руската армија не се некаква замислена претстава од иднината, туку се дел од современата воена практика. Веќе се воведени во експлоатација многу уреди кои во целост ги заменуваат луѓето. Меѓу нив се, на пример, беспилотните летала, роботите за чистење на терените од мини и апаратите за извидување и набљудување. Подводниот апарат „Гном“ е наменет за извидување и деактивирање мини под вода, а е тестиран во 2005 година. И самоодечкиот зенитно=топвски систем „Панцир С1“ работи во автоматски режим.

Но, тоа се само единечни проекти. Тие често не се настанати во рамките на одделна програма. Во Русија производството на роботи како посебен вид вооружувања е во зародиш.

Важна задача на роботите е загубите на човечките животи да се сведат на минимум. Примената на автоматизирана техника за чистење на теренот од мини веќе придонесе значително да се намали бројот на жртво кај минеритге. Освен тоа, роботите имаат уштге една важна предност: функционираат во услови во кои човечкиот организам физички не може да опстане. Во оваа смисла особено се ефикасни под вода и на територија загадена со радијација.

gnom_340_600


Модели од иднината

Руската воена индустрија веќе има проектирано неколку видови борбени роботи. Еден дел од овие проекти наскоро ќе биде испорачан на армијата. Меѓу најперспективните е роботот „Платформа М“. Тоа е едноставна подвижна конструкција теѓка еден рон која служи како носач на оружје. На „Платформа“ можат да се монтираат неколку фрлачи на гранати, митралези, противтенковски систем… Со други зборови, практично секое преносливо вооружување кое не е потешко од 300 килограми. Роботот станува многу ефикасен извидувач доколку на неговата носечка конструкција се монтираат средства за радиоелектронско набљудување. „Платформа“ има цврст оклоп, така што операторите не мора да се грижат доколку роботот биде изложен на непријателски оган од стрелачко оружје. Овој борбен апарат може да се движи со брзина нешто поголема од 10 километри на час, што е речиси еднакво на војник што трча. Освен тоа, машината преку 10 часа може да се движи во режим на борбен марш, што не може да го направи дури и најиздржлив војник.

Сличен на овој модел е и МРК-27-БТ. Тоа е исто така еден од перспективните проекти на руската воена индустрија. Тој истовремено носи неколку ракетни фрлачи, фрлач на пламен и митралез, а може да применува и димни и звучно-светлосни гранати. Оваа машина се движи по мошне непристапни терени благодарение на специјално дизајнираната гасеница. Максималната оддалеченост на примена е околу 500 метри, што значи дека операторот се наоѓа надвор од зоната на непосредна опасност. Обата роботи, и „Платформа“ и МРК-27-БТ, во следниве години ќе станат дел од арсеналот на вооружените сили на Русија.

Роботизиран „универзален војник“

Особено внимание заслужува роботот „Уран“. За разлика од другите проекти на руската воена индустрија, тој истовремено може да врши неколку различни функции во борбени услови. Во тоа се состои и неговата специфичност. На пример, „Платформа“ е компактен апарат со габарит од 1.5 на 1.5 метри, додека „Уран“ наликува на танкета. Тежок е 8 тони и може да служи и како борбен робот, и како ловец на мини, и како апарат за гаснење пожари.

„Уран“ е опремен со вообичаено стрелачко оружје, а исто така и со топови и ракетни системи, тала што сам по себе претставува моќна борбена единица. Неговите можности беа впечатливо демонстрирани на тестирањето извршено во мај 2015 година. Овој робот може да уништува непријателска жива сила и оклопна техника, како и определени воздушни цели. Операторот на „Уран“ може со него да управува на оддалеченост од еден километар, што е важно во борбени услови, но и во други ситиуации. На пример, направена е посебна модификација на овој робот за гаснење шумски пожари и за расчистување урнатини, што според замислата на конструкторот треба да му обезбеди на „Уран“ широка примена во цивилната сфера.

Извор: Руска Реч

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top