-Еден од клучните столбови на работењето на ВМРО-ДПМНЕ е зголемување на вработеноста и намалување на невработеноста. Ние имаме огромен фокус на ова поле кое вроди со плод, рекордно ниска невработеност со стапка од 25,5 проценти – посочи предвремениот премиер и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во вестите на Сител веднаш по присуството на работен состанок на кој се разгледуваше имплементацијата на мерките за вработување.
-Многу ми е важно ми е тоа што го имаме ветено пред граѓаните да се реализира и затоа денес дискутираме околу акцискиот план, роковите и начините како ќе го спроведеме планот за да сме сигурни дека сето тоа навремено и успешно ќе се реализира. Работите се одлично поставени. Оваа година се очекува преку мерките за вработување на АВРМ да бидат опфатени 13.500 лица, а најмалку 8.700 да се вработени. Има 28 мерки кои се предвидени за оваа година, ова е период кога почнуваат да се објавуваат огласите, кога невработените конкурираат за добивање на поволностите за користење на овие мерки кога невработените може да ги искористат мерките, посочи Груевски.
Груевски апелираше до сите невработени кои активно бараат работа, да се осврнат на АВРМ, да отидат во подрчаните единици и да побараат информации околку овие активни мерки кои ги нуди Владата преку АВРМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


