Доколку се даваше награда за најоригинални изјави за време на ова Европско Првенство во ракомет, таа сигурно ќе завршеше во рацете на Жељко Бабиќ, кој „бегаше“ од „шаблоните“ по кои своите коментари ги даваа речиси сите селектори. Кормиларот на хрватскиот национален тим во ист стил го заврши шампионатот, не криејќи ја гордоста на своите ракометари по победата над Норвешка и освоениот бронзен медал.
– Играчите се вистинските херои, знаете со колкави проблеми се соочивме уште од самиот старт на подготовките, но одигравме одлично на овој шампионат. Оваа бронза е награда за пожртвуваноста, за квалитетот што го покажавме. Јас сум селектор, но мене слава не ми е потребна, најважно ми е што хрватскиот народ е среќен и горд на оваа репрезентација – изјави Бабиќ веднаш по победата над Норвежаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



