| четврток, 6 декември 2018 |

Косата белее од стрес, не од стареење

Истражувачите открија дека ќелиите задолжени за произвитство на пигментот кој ја дава бојата на нашата коса исчезнуваат кога телото е премногу изложено на елувањето на хормонот за стрес.

За жал оние кои веќе ја изгубиле бојата на косата, ќелиите кои создаваат пигмент не може да се регенерираат така што нивната коса останува бела.

Тестовите кои ги правеле научниците на глувци покажаа дека бојата „пресушува“ во оној миг кога животните се изложени на стрес.

Поголемиот дел од луѓето првите бели влакна ги забележуваат на 25-годишна возраст, а за тој процес виновни се гените, конзумирање алкохол и пушењето. Постојат и приказни дека луѓето побелел преку ноќ поради шок или тага.

Претходните истражувања го обвинуваа адреналинот за белите влакна.

-Хормоните за стрес прават меланинот да мигрира од косата во кожата, па кожата станува потемна. Колку е поголем стресот, толку штетата е поголема. Нашите остражувања докажаа дека постои врска, објави тимот истражувачи.

Истражувачите од Њујорк се надеваат дека ќе успеат да развијат лекови кои го спречуваат влијанието на стресот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top