| четврток, 6 декември 2018 |

Да се биде Скорпија во хороскоп: еве зошто (не) ги сакаме

Сите ние во животот имаме барем една личност која е Скорпија во хороскоп. Станува збор за многу интересни и весели луѓе, кои секако како сите останати имаат предности и недостатоци. Затоа погледнете зошто (не) ги сакаме Скорпиите.

1. Тие не прашуваат никого за помош бидејќи сметаат дека тоа е одраз на слабост. Тие се сами свои газди и живеат според мотото „ако сакам да направам нешто добро, ќе го направам сам“ наместо да побараат помош или услуга од некој друг.

2. Ако некој знае добро и квалитетно да се одмазди тогаш тоа е Скорпијата. Но, со таа одмазда нема да загорчат нечиј живот туку само ќе ѝ докажат на личноста дека можат без неа.

3. Скорпиите се брутално искрени личности. Тоа ги нервира другите луѓе кога ќе ги прашаат за искрено мислење, а не сакаат да слушнат што Скорпиите имаат да им кажат.

4. Кога сакаат, сакаат безусловно и искрено. Со оглед на тоа дека на љубовта гледаат како на сила која ги руши сите бариери, таа за нив претставува еден од најголемите стравови. Но, кога еднаш ќе се заљубат, ќе направат сè за својата друга половина.

5. Скорпиите се многу вредни луѓе, но и немаат многу доверба, бидејќи си веруваат само на себе и на никој друг.

6. Ако во еден момент тие се смирени, во наредниот може да експлодираат како вулкан. Бидејќи кога ќе се налутат, сето она што го чувале во себе излегува на површината, а тоа може да биде опасно.

7. Најлошата работа што може некој да им ја направи на Скорпиите додека се нервозни е да им „паметува“, постојано да им зборува и да не си ја гледа својата работа. Но, може да кажеме дека тие се такви и кога не се нервозни.

8. Скорпиите преставуваат одлична комбинација на интровертна и екстравертна личност. Од една страна се многу мирни и повлечени во себе, но во посебни моменти знаат да се преобразат во потполно неверојатна забавна личност. Сè зависи од тоа како се чувствуваат во тој момент.

9. Тие се многу заштитнички настроени кон своите најблиски. Тоа е очигледно, бидејќи тие не реагираат на коментарите кои се упатени на нив, но штом ќе слушнат навреда за некој нивен најблизок, веднаш се разбеснуваат.

10. Скорпиите ги нервираат луѓе кои не знаат да разговараат бидејќи самите тие се многу комуникативни луѓе.

 

11. Неверојатно се привлечни и харизматични личности. Тие не мора да бидат премногу убави за да пленат секаде каде што ќе се појават.

12.Иако често изгледаат незаинтересирано, Скорпиите знаат да бидат многу љубоморни во љубовна врска и својата друга половина не сакаат да ја делат со никого.

13. Тие се многу емотивни и не се плашат да ги покажат своите емоции. Може понекогаш и да заплачат.

14. Ако Скорпиите нешто мразат, тогаш дефинитивно тоа е лажењето. Тие се вистински детектори на лага. Па, затоа не дозволувајте си го тој луксуз со нив.

15. Многу се амбициозни, сонуваат големи соништа и пробуваат на овој или оној начин да ги остварат.

16. Со нив е тешко да пронајдете компромис, бидејќи сè сфаќаат буквално, без разлика дали е добро или лошо. Затоа во комуникацијата со нив треба да бидете многу внимателни.

17. Скорпиите се многу реални и сите случувања во животот ги прифаќаат разумно и веруваат дека се случиле со причина, па колку и да им е тешко.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top