| четврток, 6 декември 2018 |

Кина нуди работа од соништата-плата од 28.000 евра

Центарот за истражување и заштита на џиновските панди во Ченгдуу, во кинеската провинција Сечуан, вработува лица чија задача ќе биде да го галат бебето на овие загрозени животни.

Како што пишува China Daily, работното место за ваквите експерти доаѓа во пакет со платено сместување, платена хранарина и годишна плата од 200.000 јуани (околу 28.000 евра).

Центарот вработува и други видови експерти, како на пример – специјалисти за хранење бебе-панда. Овие, за разлика од „галачите“, ќе мораат да се облекуваат како панда за да ги охрабрат младенчињата да им приоѓаат без страв.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top