Едно лице е убиено а две други се ранети во престрелка која се случила за време на улично дефиле во популарната туристичка дестинација Санта Терезa во саботата, соопшти воената полиција на Рио де Жанеиро, објави „Макфакс“.
За време на престрелката се одвивала костимирана парада на една од групите коишто ќе учествуваат на карневалот на кој се пријавени повеќе школи за танц и групи од градот. Според локалните медиуми, настанот го следеле околу пет илјади луѓе.
Мотивите за престрелката засега не се познати. Според првичните сознанија, убиениот бил уличен продавач на пиво.
Официјалното отворање на карневалот во Рио де Жанеиро ќе се случи на 5-ти февруари. Градските власти очекуваат на овој настан да допатуваат повеќе од милиони туристи, од кои 25 до 30 отсто ќе бидат странци.
Високото ниво на криминал во Рио де Жанеиро е еден од главните предизвици со кои се соочуваат организаторите на Олимписките игри, коишто ќе се одржав во бразилската метропола од 5-ти до 21-ви август годинава. На крајот од минатата година беше објавена анкета според која 74,7 отсто од жителите на Рио сметаат дека властите не се подготвени да преземат соодветно обезбедување за време на игрите.
Истовремено, според Институтот за јавна безбедност при владата на истоимената бразилска сојузна држава, бројот на убиствата во Рио де Анеиро на крајот од минатата година паднал на најниското ниво. Вкупно во текот ан 2015 година во мегалополисот биле сторени 1.202 вакви кривични дела, односно 18,6 убиства на 100.000 жители.
Кулминацијата на насилството во Рио де Жанеиро е регистрирана во 1994 година со 4.081 убиство со предумисла, односно 73,9 убиства на 100.000 жители. Во споредба со податоците од 2015 година, тоа покажува намалување на повеќе од 70 отсто. Криминалната статистика на Рио се објавува од 1991 година, со што објавените резултати кон средината на овој јануари се најдобрите досега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.